Доктор Мухамед Асани разрешен од директор во струшката болница

Разрешен е директорот на струшката болница доктор Мухамед Асани по случајот во кој што без матка, бубрег и јајник остана родилка во Струга, а ДСЗИ кај него дома во засебен инспекциски надзор најде дива ординација.

За одлуката информираше министерот за здравство Венко Филипче и рече дека ќе се одбере нов директор наредните денови.

Филипче на барање на Хелсиншкиот комитет за човекови права и на семејството, решил да формира нова комисија која ќе треба да го разгледа случајот на Јалдз Веапоска, а во неа ќе се директорите на Клиниките за урологија, гинекологија, Карил и Директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Доктор Мухамед Асани изјавил дека ја породил Веапоска со машко бебе, а таа дома си отишла со женско

„Државна тајна“ се петмината од Лекарска комора што не нашле лекарска грешка за членот на нивниот Извршен одбор, доктор Мухамед Асани

ВИДЕО | Десет членови на Лекарска комора нe можат да кажат како настанало крвавењето во телото на Веапоска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот