13 C
Скопје

Доктор Лилија Чолакова Дервишова: Срамота е пензионери од Велес, да се закажуваат за вакцинација во Кавадарци!

Претседателката на здружението на приватни матични лекари доктор Лидија Чолакова Дервишова, за Слободен печат тврди дека големи проблеми настануваат во системот „Мој термин“, во поглед на закажаните термини за вакцинација, поради што возрасни луѓе и пензионери, кои немаат ниту доволни приходи да патуваат, ниту имаат придружба или превоз, се закажувани да се вакцинираат во други градови.

-Ова е реакција од голем број колеги матични лекари, дека за време на празниците, некој ни влегол во системот „Мој термин“ и ни креирал упати за возрасни пациенти кои треба да ги препраќаме наместо во Велес, да одат да се вакцинираат во Кавадарци. Срамота е. Така тие доаѓаат цело утро и ја откажуваат вакцинацијата, зашто немаат превоз, немаат придружба и не ни е јасно како може некој да влезе во нашиот систем и да ни креира упати со наши лозинки кога ние не сме биле воопшто на работа за празниците, вели Чолакова Дервишова за Слободен печат.

Слични поплаки стигнуваат и до медиумите, зашто граѓаните се жалат, дека иако има вакцинални пунктови во нивните градови на живеење, нивниот термин е закажан за друго место.

Поврзани вести

ВИДЕО | Се слушна ѕвоното во Детската клиника: Малата Ана ја доби борбата со болестите

Слободен печат

Утре се одбележува Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Слободен печат

Бегал од полиција, па со 140 км на час удрил во лежечки полицаец

Слободен печат

Двајца станари со деменција побегнале од старечкиот дом во Тенеси благодарение на воената обука, персоналот казнет

Слободен печат

Деспотовски: Заврши времето на евтина работна сила, немаме луѓе за извоз

Слободен печат

Успорената демографија нема да ја сопре Кина

Гидеон Рахман/Financial Times

Остави Коментар