Доктор Лазаров: Три од пет дена не функционира електронскиот систем, ова е врв на неспособност

Д-р Ненад Лазаров
Д-р Ненад Лазаров /Фото: Фејсбук

Врв на неспособност е што во последниов период, 3 од 5 дена не ви функционира здравствен електронски ситем, објави дoкторот Ненад Лазаров на својот профил на Фејсбук. Тој го искажа револтот од нефункционирањето на здравствениот систем и проблемите со кои се соочува секојдневно.

„Недозволиво е да нема мамографии и ехо, недозволиво е да се суспендираат сите превенции зошто терциерни клиники се направени лежални за болни од ковид каде скоро ништо освен кислород не добиваат!

Идиотски е да нема термини за тестирање за ковид, или кога има тоа да биде по неколку дена, малоумно да не можам да препишам лек кој му треба на пациент!

Што праите бе вие по цел ден по фотељи???”, реагира д-р Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот