Доктор Илчо Ефкоски: Маските не придонесоа за заштита од ковид во училиштата

Почеток на второто полугодие - Деца со маски одат во школо - Фото: ,,Слободен печат'' -Дрaган Митрески

Маските како заштитна мерка во училиштата, не придонесоа доволно во намалување на трансмисијата на коронавирусот кај децата, смета доктор Илчо Ефкоски. Според него, ова се потврдува од многу студии по светот, а како главни причини зошто оваа мерка за заштита е неуспешна во училишната средина се наведени недоволната или никаква едукација за употреба на личната заштитна опрема за работници во образованието, долгиот временскиот период во училиштата кој го надминува времето за заштита од маските, лошиот квалитет на маските, неправилната употреба, периоди во кои децата воопшто не држат дистанца со симната маска од лицето (при јадење, зборување итн.) и тоа што наставниот кадар не верува во пандемијата.

-Најмало влијание на маските во училиштата имаме во групата од 6-11 години. Да повториме, не е дека маските не помагаат во заштитата, туку децата не знаат како правилно се употребуваат, родителите не знаат да одберат соодветна маска за заштита ниту пак знаат да ги научат како правилно се носат, а протоколите за училиштата воопшто не се соодветни за заштита од аеросолите. Толку е релаксирана атмосферата низ државата, што освен во одредени здравствени установи никој никаде не носи маска, вели доктор Ефкоски.

Според него, доколку се отстранат маските кај децата во училиштата, со тоа ќе се стимулира и примањето трета доза вакцина кај постарите лица.

-Имаме доволно време за да се променат условите во училиштата и да овозможиме безбедна средина за нашата иднина. Маските се доволен параметар дека во училиштата не сме ја завршиле работата, дека таму не се безбедни условите, па мораат децата да носат дополнителна заштита како маска. Во спротивно, доколку ова не се промени на време, ќе се доведеме во ситуација да вакцинацијата против ковид биде задолжителна за деца, смета докторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот