Доктор Данаиловски: Би било добро кога сите би се затвориле дома, да ја прекинеме стихијата на заразата (ВИДЕО)

Доктор Драган Данаиловски при гостување во телевизија Канал 5 рече дека идеално би било полицискиот час да трае 24 часа, со цел да се сопрат ланците на ширење на корона вирусот.

– Школите ги затворивме, учениците излегоа на улица. Кафичите ги затворивме, младите отидоа по паркови, по викендици. Дружењето на младите не го намаливме. Кога знаеме дека младите се најдинамична група, мора да има порестритивни мерки за нив. Јас би почнал со тоа да се продолжи полицискиот час. Не би сакал да предложам 24/7 да биде, иако ако помислам тоа би било идеално. 24 часа да бидеме затворени, да го сопреме времето, зашто ние сме во трета светска војна. Имаме невидлив непријател. Би било добро кога сите би се затвориле дома, да ја прекинеме стихијата на заразата, вели доктор Данаиловски.

Втора премиера „Само Вистина“ 23.3.2020

Втора премиера „Само Вистина“ со Д-р Драган Даниловски – Ќе имаме ли конечно happy end со Коронава во Македонија?

Publiée par Канал 5 Телевизија sur Lundi 23 mars 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот