Доктор Чибишев: Ова се штетните ефекти од истечениот метил акрилат мононер во ОХИС

Вчера во фабриката ОХИС дошло до излевање на метил акрилат мономер, хемиска супстанца која се употребува во хемиската индустрија. Токсикологот Андон Чибишев, поранешен пратеник и директор на Клиниката за токсикологија објаснува какви штетни последици по здравјето предизвикува оваа супстанца.

– Станува збор за отровна супстанца која при директен допир со кожата предизвикува тешки оштетувања и повреди. Доколку сте изложени на пареа од метил акрилат, доаѓа до иритација на очната слузокожа, чешање и солзење на очите. При поголеми концентрации може да доведе и до оштетување на сетилото за вид. Исто така, ако сте изложени на оваа токсична супстанца, може да предизвика полесни или потешки оштетувања на респираторниот систем, печење на грло и гради, кашлица, тешко дишење, но и оток на белите дробови. При работа со метил акрилат мора да се носат заштитни средства, а при хаварија се врши евакуација на населението во радиус од 50 метри. При потешка хаварија се врши евакуација во радиус од 800 до 1.000 метри и се преземаат мерки за деконтаминација. Се уште не е познато за колкава количина на ослободен метил акрилат станува збор и колкава е неговата концентрација во воздухот, објаснува Чибишев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот