Доколку загинам на патеката, би сакал тоа да се случи брзо (ВИДЕО)

EPA/GIORGIO BENVENUTI

Аиртон Сена загина на 1 мај 1994 година во Имола кога со брзина од 310 километри на час се излета од познатиот свиок Тамбурело и се заби во заштитниот ѕид. За многумина Сена е најдобриот возач во историјата на Ф1, а неговото ривалство со Алан Прост беше повеќе од спорт.

Бразилецот имаше 34 години кога престана да му чука срцето, во седмиот круг на трката за Големата награда на Сан Марино во Имола се заби во заштитниот ѕид на кобниот свиок Тамбурело со 310 километри на час.
Аиртон Сена почина неколку минути по кобнит удар, но не се знае дали тоа се случи на патеката, на патот кон болницата во Болоња или во самата болница.

“Доколку загинам на патеката, би сакал тоа да се случи брзо“, често зборуваше Сена.

Во кариерата извозе 161 трка, победи на 41, имаше и 39. пласмани на подиумот, а освои три шампионскиот титули, сите со тимот на Мекларен.

Беше одличен возач со голема харизма, роден победник со оригинално мото во светот на Формула 1, „Не сакав да победам во трката, туку во животот“, додека неговиот беше „Дождовниот човек“.

Малку е познато дека по несреќата, во неговиот болид е пронајдено австриско знаме кое по трката, Сена сакаше да го крене во чест на еден ден порано загинатиот Раценбергер.

Бразилецот по трагичниот настан од квалификациите и смртта на Раценбергер имаше средба со шефот на медицинскиот тим на Формула 1, Сид Воткинс кој му сугирераше на Бразилецот да не се трка викендов и да замине на риболов.
„Јас не можам да живеам без трките“, беше одговорот на Сена.

EPA/DANIEL DAL ZENNARO

По смртта Сена стана уште поголем во очите на фановите, обичните луѓе, отколку што беше додека беше жив.

twitter/History Lovers Club

На неговиот погреб во Сан Паоло повеќе од три милиони луѓе излегоа да му дадат последна почит на големиот возач, шампион и човек.
На неговото вечно почивачиште во Сан Паоло годишно доаѓаат повеќе обожаватели отколку на гробовите на Елвис Присли, Мерилин Монро и Џон Ф. Кенеди заедно.

EPA/SEBASTIAO MOREIRA

Бразилецот беше свесен за својата големина во Бразил и во светот, и огромен дел од своето богатство го даваше во хуманитарни цели, а голем акцент ставаше на образованието и на сиромашните. Дури по смртта се дозна дека донирал околу повеќе од 200 милиони долари во хуманитарни цели.

 

Сена беше обожуван од фановите, но не и од механичарите кои постојано го избегнуваа бидејќи знаеја дека ги очекуваат часови и часови разговори и проверки на болидот до најситните детали, само поради една цел – како да биде побрз и да победи.

Неговата генијалност ја видоа во Хонда кои го замолија да помогне во развојот на суперавтомобилот „NSX“.

Негово деби во Формула 1 беше во 1984 година за екипата на Толеман кој во претходната сезона освои само девет бодови. А, Сена во првите пет трки, имаше две шести места и две откажувања и симболично на Имола не успеа да се квалификува. На шестата трка во сезоната, во Монте Карло, Сена покажа за каков возач станува збор и зашто прекарот му беше “Дождовен човек“.

Трката во Монте Карло ја одбележа силниот дожд, а Сена стартуваше од 13. позиција, дојде до првото место но на крајот заврши како второпласиран бидејќи според правилата, при прекин на трката се гледаат резултатите од претпоследниот круг, а таму Сена беше зад Алан Прост.

Во Монте Карло стана јасно дека Сена е возач за големи работи, тоа го виде Лотус кој му даде плата од еден милион долари во 1985 година.

Со болидот на Лотус, дојде до првата победа, на трката за ГН на Португалија во Есторил, а со жолтиот болид оствари уште пет победи пред да дојде повикот од Мекларен. Со „црвено-белиот“ болид оствари 35 победи и освои три титули со што си го обезбеди местото меѓу легендите на овој спорт.

До денешен ден не се знае зашто Сена ја загуби контролата над болидот на Вилијамс иако челниците на тимот беа на суд, но никој не беше обвинет.
Еден од луѓето кои никогаш не ја прежалија смртта на големиот возач, шампион и уште поголем човек е легендарниот дизајнер на болидите, Адријан Њуи.

„Секогаш ќе се чувствувам одговорен за смртта на Сена. Јас бев човекот кој го конструира болидот со кој загина големиот човек“, напиша Њуи во својата автобиографија.

На почетокот се мислеше дека Сена ја загуби контролата бидејќи му пукна столбот на воланот, но истрагата ја отфрли оваа можност. И покрај тоа, Њуи и понатаму мисли дека неговата улога во смртта на Сена е голема.
„Без разлика дали столбот на воланот пукна или не, фактот е дека болидот имаше грешка. Тоа не смееше да се случи“, пишува Њуи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот