Доколку си замине Лаутаро, Интер треба да го донесе Меси

twitter/Barcelona News

Поранешниот сопственик на Интер, Масимо Морати, смета дека клубот мора да донесе екстра засилување доколку му дозволи на Лаутаро Мартинез да си замине.

Потенцијалното заминување на Лаутаро Мартинез од Интер е топ тема во европските медиуми веќе извесен период, а главен фаворит за неговиот потпис е Барселона.

Каталонскиот клуб веќе е во интензивни преговори со челниците на Интер и се наоѓа пред договор, 60 милиони евра во кеш плус уште двајца играчи и тоа најверојатно ќе бидат Карлес Алења и Самуел Умтити.

Доколку евентуално не дојде до договор помеѓу Интер и Барселона, Лаутаро најверојатно ќе се пресели во ПСЖ кој без никаков проблем може да ја плати клаузулата од 111 милиони евра и да му понуди годишна плата од 10 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Бидејќи Интер се соочува со загуба на еден од најдобрите играчи оваа сезона, поранешниот сопственик на итлаијанскиот тим, Масимо Морати, смета дека експресно треба да се реагира со ангажирање на нов напаѓач кој е ѕвезда во светскиот фудбал.

– Доколку си замине Лаутаро, Интер треба да го донесе Меси. Но, доколку тоа е невозможно би сакал да го видам Пауло Дибала во дресот на Интер – рече Морати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот