Доколку штрајкуваат поштите, ќе нема пензија за бугарските граѓани

Стари лица / Фото: Marina Kovacevic / Alamy / Alamy / Profimedia

Повеќе од три четвртини од 8.000 луѓе кои работат во „Бугарска пошта“ се изјаснија за почеток на ефективен штрајк. Тие бараат зголемување на платите за 25 отсто и зголемување на ваучерите за 40 лева што се исплаќаат секој месец. Доколку нема резултат од преговорите со властите кои се во тек, поштите ќе престанат со работа. Тоа значи дека и пензиите може да не се исплаќаат навреме.

Вака предупреди претседателот на поштенскиот Синдикат, Пламен Димитров во интервју за Нова ТВ, пренесува „24Часа“. Трошоците стануваат се повисоки од приходите во секое семејство. Приходите на луѓето не растат со таа стапка како што растат цените во продавниците. Цените на храната продолжуваат да растат дури и кога инфлацијата е умерена.

На годишно ниво, цената на храната е зголемена за 26-28 проценти. Маслото и јајцата соборуваат секакви рекорди, рече тој. Експертите истакнуваат дека инфлацијата во Бугарија е висока поради шпекулациите.

„Нема друго објаснување зошто цените на основните стоки и услуги кај нас се многу повисоки отколку во некои од нашите соседни земји“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот