Доколку се задржи темпото на 1. јули Грција ја отвара туристичката сезона

Независно како ќе се одвива ситуацијата со Ковид – 19 потребно е владата да има подготвен план, вели државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис.

Грчката Влада кон средината на мај ќе го соопшти планот за туристичката сезона, а ако сѐ биде во ред и епидемиолошките податоци се стабилни, на 1 јули со отворање на сезонските хотели, ќе се отвори и туризмот за странци.

Ова го изјави државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радо „Алфа 989″.

Герапетритис објасни дека периодот меѓу 15 и 20 мај ќе биде клучен, бидејќи тогаш очекуваат да го видат резултатот од постепеното олабавување на рестриктивните мерки и тогаш да биде донесена конечната одлука, но истакна дека независно од тоа дали ќе постои отежнување или олеснување на ситуацијата, потребно е владата да има подготвен план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот