Доколку се биде регуларно, Ѓоковиќ и Надал ќе освојат само еден грен слем годинава

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Тренерот Матс Маркел смета дека двајцата најдобрите тенисери на светот нема да бидат толку доминантни во 2021 година.

Тренерот Матс Маркел смета дека двајцата најдобрите тенисери на светот нема да бидат толку доминантни во 2021 година. Тој смета дека Ѓоковиќ и Надал нема да освојат повеќе од еден грен слем трофеј оваа сезона.

– Ова би требало да биде возбудлива година. Доколку имаме регуларна сезона со четири грен слем турнири, мислам дека Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал нема да освојат повеќе од еден. Преостанатите три ќе им ги препуштат на ривалите. Доминик Тим им е најголем ривал, тој постојано ја унапредува својата игра. Импресиониран сум како го остави зад себе периодот на коронавирус и триумфира на УС Опен. Што што не можеше сезоната да ја круниса со трофеј на завршниот АТП Мастерс – вели Меркел.

Поранешниот тренер на Ернест Гулбис, Доминик Тим, Енди Мареј, Фернандо Вердаско, Ана Ивановиќ, очекува оваа година и останатите помлади тенисери да блеснат и да ја прекинат доминацијата на Надал и Ѓоковиќ.
– Александер Зверев има одличен потенцијал иако мора да подобри неколку работи почнувајќи од тенисот. Стефанос Циципас не играше добро во 2020 година, но во 2021 очекувам многу од него, исто како и од Димитров, Оже Алиасим, Шаповалов – додава Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот