Доколку победи на изборите Лапорта го знае првиот потег: Уште вечерва ќе разговарам со Меси

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Денеска се одржуваат изборите за претседател на фудбалскиот гигант Барселона, а во трката се три имиња, главниот фаворит Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреикса.
И тројцата кандидати веќе гласаа, а во центарот на вниманието е Лапорта чија изјава е вест на денот. На прашањето на новинарот доколку биде избран за претседател, дали утре наутро ќе разговара со таткото и агент на Лионел Меси, Хорхе, Лапорта одговори:
– Зошто да го барам утре? Ќе зборувам уште вечерва, ќе биде долга ноќ. Утринава во Каталонија врнеше дожд, а сонцето се појави кога јас пристигнав на „Камп Ноу“. Тоа веројатно е некаков знак – рече Лапорта низ насмевка.

Гласањето започна утринава во девет часот и ќе трае се до 21. часот, по што ќе следи броење на гласовите до 23 часот кога и официјално ќе биде објавено името на новиот претседател на Барселона.
Што се однесува со Лионел Меси, не е тајна дека Аргентинецот имаше одличен одност со Лапорта за време на неговиот прв мандат на чело на Барселона од 2003 до 2010 година. Според многумина, доколку повторно победи Лапорта, тогаш најдобриот фудбалер на каталонскиот тим дефинитивно останува на „Камп Ноу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот