Доколку патувате низ Србија подгответе се за поголем трошок!

Владата на Република Србија предложи да се зголеми цената на патарините во земјата за 12 проценти.

Според локалните медиуми, повисоката цена ќе се примени кога пратениците во Српското собрание ќе го усвојата Предлог законот за такси за користење на јавните добра.

Овој предлог на Владата на Србија го усвои на последната седница и го испрати по итна постапка до Собранието

Во образложението на Предлогот се наведува дека моменталната висина на патарините е пониска од реалната вредност и дека последното поскапување се случило на 7 јануари 2017 година.

Тогаш патарините беа зголемени за десет проценти во однос на претходниот ценовник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот