Доколку парното пресилно или слабо грее пријавете во Центарот за грижа на потрошувачи на БЕГ

парно радијатор греење
Парно греење / Фото: Архива на Слободен печат

Доколку во станот или деловниот простор има проблем со греењето, вклучително и со високи внатрешни температури, потрошувачот тоа треба да го пријави во Центарот за грижа на потрошувачи.  Ова го посочуваат од „Балкан Енерџи Груп“ по реакцијата на граѓани од населбата Капиштец дека во нивните домови е претопло поради парното греење.

По пријавата, стручно лице ќе направи  проверка и соодветно ќе интервенира или ќе го информира потрошувачот за начинот заа промена на температурниот режим на испорака во објектот – велат од БЕГ.

Оттаму објаснуваат дека во зависност од потребите на потрошувачите и термо-техничките карактеристики на нивните објекти и инсталации, температурниот режим и времето на испорака на топлинска енергија на мерното место може да се промени по барање на Управителот или Заедницата на сопственици, доставено по електронска пошта или во архива на компанијата.

Во случај кога од иста топлинска подстаница се снабдуваат делови од објектот со различни управители или заедници на сопственици, барањето за промена на режимот и нивото на испорака на топлинска енергија на мерното место, се врши со писмена согласност од сите управители или заедници на сопственици – прецизираат од БЕГ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот