Доколку не успее со Санчо, Манчестер јунајтед има четири алтернативи!

Фото: skysports

Усман Дембеле е една од четирите алтернативи на Манчестер јунајтед доколку клубот не успее да го ангажира Џејдон Санчо.

А покрај играчот на Барселона, според британските медиуми менаџерот на „црвените ѓаволи“ ја следи ситуацијата со уште тројца фудбалери, Исмаила Сар (Ватфорд), Лука Јовиќ (Реал Мадрид) и Единсон Кавани кој до минатата сезона ги бранеше боите на ПСЖ.

Потсетување дека Борусија Дортмунд, клубот на Санчо, му постави рок на Јунајтед до 10 август околу евентуален договор за англискиот репрезентативец и неколку пати најавија дека крилото нема да си замине после тој датум.

Тимот од „Олд Трафорд“ има намера да доведе ново крило, а додека неговиот прв избор и натаму е Санчо, Дембеле претставува силна алтернатива како позајмица.

Французинот дојде на „Камп Ноу“ од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра како клупски рекорд.

Реал едвај го победи Ваљадолид, Винисиус Жуниор погоди за три бода (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот