Доколку не успее „планот А“, Барса ќе се насочи кон Обамејанг!?
Пјер-Емерик Обамејанг има важечки договор со Арсенал до 30 јуни 2021 година, и натаму нема никакви најави за продолжување на соработката.
31-годишниот напаѓач од Габон и сезонава го привлекува вниманието со своите игри, во Премиер лигата запиша досега 20 голови во 34 натпревари.
Моментно според „Трансфермаркт“ вреди 56 милиони евра, а според „Дејли Мирор“ Барселона покажува сериозен интерес за обезбедување на неговите услуги.
Доколку од „Камп Ноу“ не успеат да го ангажираат Лаутаро Мартинез од Интер, следна опција ќе биде токму фудбалерот од лондонската екипа.
Покрај каталонскиот клуб, во трката за потписот на играчот на „топчиите“ се наоѓаат уште Интер, Јувентус, ПСЖ и Манчестер сити.
Да додадеме уште дека и натаму се објавуваат шпекулации за заминување на досегашниот тренер Кике Сетиен ова лето. А како можни наследници на клупата се одвојуваат Пеп Гвардиола, Маурицио Покетино, Патрик Клајверт и Лорен Блан.