Доколку не продолжи, шпанската „Ла Лига“ ќе загуби една милијарда евра!

фото: твитер

Претседателот на „Ла Лига“ денеска повторно се огласи и откри како сезоната во Шпанија би можел да продолжи.

Пред скоро еден месец најсилното шпанско фудбалско првенство беше прекинато поради пандемијата на коронавирусот, а Шпанија е една од најпогодените земји од оваа зараза.

И натаму не може со сигурност да се објавуваат официјални датуми за евентуално продолжување на сезоната, од друга страна се водат разговори за можните сценарија.

Претседателот на „Ла Лига“ денеска повторно се огласи и откри како сезоната во Шпанија би можела да продолжи.

Хавиер Тебас вели дека најрано на 28 мај може да очекуваме повторно да ги гледаме возбудувањата во елитата, но порача дека ништо нема да се земе во предвид, додека не се обезбедат услови и дека здравјето е на прво место.

– Има три датуми кога „Ла Лига“ би можела да продолжи, а тие се 28 мај, 6 јуни и 28 јуни. Не можеме да кажеме точен датум, бидејќи ништо не е официјално. Јасно е дека клубовите мораат да тренираат пред продолжението од сезоната, а се надеваме дека тоа ќе се случи од 26 април – рече Тебас.

Воедно оваа пандемија лошо би влијаела на клубовите на финансиски план, а Тебас предупреди дека доколку не продолжи сезоната во „Ла Лига“, очекува загуба од дури една милијарда евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот