Доколку не го елиминира Лион, Сари ќе лета од Јувентус, а место него доаѓа добро познато име

twitter/Lantan Sport

Весникот „Ла Република“ пишува дека тренерот на Јувентус има само една шанса да се спаси од отказ.

Маурицио Сари откако седна на клупата на италијанскиот шампион, Јувентус, постојано е мета на критики како на медиумите така и на навивачите на „старата дама“ поради променливите игри но и неатрактивниот стил на игра.

Управата цврсто стоеше зад својот избор од минатото лето, се до вчерашниот пораз од Олимпик Лион во осминафиналето од Лигата на шампионите. Токму ЛШ е главниот приоритет за Јувентус оваа сезона и поради тоа челниците на екипата му поставија ултиматум на Сари, или ќе го елиминира францускиот тим или ќе лета од клупата, пренесува „Ла Република“.

EPA-EFE/ANDREA DI MARCO

Според весникот главен фаворит за наследник на Сари е добро познато име за навивачите на „старата дама“, Масимилијано Алегри. Алегри минатото лето ја напушти клупата на Јувентус, откако со екипата освои шест титули во Серија А, но не можеше да дојде до трофејот во ЛШ.

Тој сè уште е на платниот список на Јувентус и италијанскиот тим е подготвен да му даде уште една шанса на Алегри да дојде до трофејот во елитното европско натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот