Доколку има средства ќе ја продолжиме поддршката од 14.500 денари по вработен
Изминатиот викенд се одржала средба со коморите, на која, како што рече Бектеши, биле разгледани сите нивни предлози.
Владата ќе се обиде да изнајде решение за да им излезе во пресрет на стопанските комори кои од неа побарале продолжување на мерката помош од 14.500 денари по вработен. Министерот за економија Крешник Бектеше вели дека секако дека би ја продолжиле ваквата мерка доколку во Ковид програмата се изнајдат средства за наредните месец или два.
Во текот на викендов се одржала средба со коморите, на која, како што рече Бектеши, биле разгледани сите нивни предлози.
– Во текот на викендот имавме состанок, се разгледуваат сите можности и барања на коморите од кои едно е да се продолжи поддршката од 14.500 денари. Некои сметаат тоа да биде еден месец, некои два. Се прават анализи и на можностите во рамки на КОВИД-19 програмата. Ако имаме финансиски можности, зошто да не ја продолжиме мерката и да не им излеземе во пресрет на стопанствениците и приватниот сектор во земјава, рече министерот.