Доколку го сака Халанд, Реал Мадрид ќе мора да продава играчи!

twitter/Borussia Dortmund

Според шпанската „Марка“, Флорентино Перез, сака да обезбеди места за новите „мети“, Ерлинг Халанд и Едуардо Камавинга.

Според најавите „кралскиот“ клуб ќе биде еден од ретките што нема многу да ги чувствува финансиските загуби поради пандемијата на коронавирус.

Реал Мадрид освен што ја следи ситуацијата кога би продолжила сезоната, веќе ги насочува погледите кон фудбалскиот трансфер пазар.

Клубот од „Сантјаго Бернабеу“ прави планови како ништо да не се случува, според шпанската „Марка“ првиот човек на екипата, Флорентино Перез, сака да обезбеди места за новите „мети“, Ерлинг Халанд и Едуардо Камавинга.

Но, до тие играчи Реал прво ќе мора да продава, имаат дури 37 фудбалери под договори вклучувајќи ги и оние на позајмица.

Според правилникот на „Ла Лига“, дозволено е да се пријави 25 играчи за сезона. Тоа значи дека Реал ќе мора да реагира со ослободување на играчи, дури и повеќе доколку сака да направи места за нови засилувања.

Веќе е познато дека пред излезните врати се наоѓаат Герет Бејл и Хамес Родригез. „Кралевите“ се надева дека следното лето конечно ќе се ослободи од нив и дека со нивната продажба и заминувања ќе ослободат значаен дел од буџетот за купување и договори на нови играчи.

Маријано Диас, Браим Дијас, Лукас Васкез, Начо Фернандез се исто така играчи кои би можеле да бидат продадени или позајмени, а неизвесни се и статусите на Марсело, Лука Модриќ и Лука Јовиќ.

За позајмените играчи како Одриозола, Себаљос и Ваљехо кои немаат иднина во Мадрид, Перез уште сега е подготвен да преговара за нив.

Тренерот Зинедин Зидан според најавите ќе им даде шанса на Хакими од Борусија Дортмунд и Едегард од Реал Сосиедад кои покажаа добри игри како позајмици.

Шпанците веруваат дека Норвежанецот Халанд (вреди 72 милиони евра според „Трансфермаркт) би бил наследник на Карим Бензема, а Камавинга (кој вреди скоро 40 милиони евра) има само 17 години, игра за Рен и според Зизу дефинитивно би му помогнал на Каземиро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот