Доколку ЕУ не го награди Преспанскиот договор, како очекува решавање на косовскиот проблем?

Доколку ЕУ не донесе одлука за започнување на пристапните преговори на Северна Македонија , тоа практично ќе значи дека не го уважува туку казнува Преспанскиот договор, истакна северномакедонскиот премиер Зоран Заев, пишува „Б92“.

Тој смета дека во тој случај ЕУ не може да очекува ниту решавање на косовскиот проблем кој е посочен како добар модел по кој Белград и Приштина би требале да се договорат во интерес на напредокот на патот кон ЕУ.

– Сите велат дека Преспанскиот договор е засега еден од најдобрите примери на Западниот Балкан. Доколку ЕУ го ,,казни” овој договор и Северна Македонија со одоложување на пристапните преговори, како може тогаш да очекува дека Александар Вучиќ и Хашим Тачи ќе најдат решение за косовското прашање, или како ќе ги мотивираат босанските лидери да најдат решение за БиХ, изјавил Заев за српската новинска агенција Танјуг.

Тој посочи дека во земјите на Западен Балкан има уште многу да се работи и дека е потребна голема мотивација од страна на ЕУ. Се надевам дека ЕУ ќе не мотивира како би продолжиле со напорната работа и реформите, нагласи Заев

Тој за Танјуг изрази и надеж дека Северна Македонија ќе добие зелено светло на претстојниот состанок на шефовите на државите на земјите членки на ЕУ, иако вчера во Луксембург шефовите на дипломатиите не успеаа да се договорат.

– Ниедна земја членка на ЕУ нема забелешки за Северна Македонија. Проблемот е во дискусијата за реформирањето на ЕУ. Ние очекуваме да може да се спроведе реформа во ЕУ и парлелно да тече проширувањето, односно тој процес да продолжи и на Северна Македонија и Албанија, истакна Заев, додавајки дека Северна Македонија нема никаква алтернатива за ЕУ.

Заев за Танјуг посочи и дека поради одолговлекувањето на одлуката на ЕУ може да дојде до паѓање на владата во Скопје но дека секоја идна влада ќе го продолжи европскиот пат на земјата. Поради ЕУ ние го сменивме уставното име, мнаправивме договори со Грција и Бугарија, ги унапредивме односите со другите држави соседи. Верувам дека ЕУ ќе продолжи да не мотовира да постигнеме успех, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот