Доколку добие отказ, Мурињо ќе ја инкасира најголемата отштета во историјата

Жозе Мурињо/ Фото: EPA-EFE/Shaun Botterill/POOL

Екипата на Тотенхем предводена од менаџерот Жозе Мурињо е прилично разочарување досега во оваа сезона. Спарси се дури на деветтата позиција во Премиер лигата, но за среќа на португалскиот стратег и тимот, разликата помеѓу врвните екипи и другите е многу мала и сè може да се смени во неколку натпревари.

Сепак, игрите на Тотенхем ги загрижуваат навивачите на овој тим. Тие не се задоволни од работата на Мурињо во клубот, но тој засега нема да преземе ништо.

Шефот на Спарси, Даниел Леви ќе почека до крајот на сезоната и потоа ќе донесе одлука околу продолжувањето на соработката со португалскиот тренер.

Доколку евентуално добие отказ пред крајот на сезоната, Тотенхем ќе треба да му плати дури 40 милиони фунти на Мурињо. Нешто помала бројка е доколку замине на крајот на сезоната и во тој случај Мурињо ќе добие 30 милиони фунти.

Би било тоа најголемата исплата во историјата на Премиер лигата за отказ на еден менаџер. Моментно рекордер е Антонио Конте на кого Челси мораше да му плати 26,2 милиони фунти во 2018 година.

При самиот врв е и Мурињо кому Манчестер јунајтед му плати 19,6 милиони фунти истата година, а од Челси во 2007 година „Специјалниот“ зеде дури 18 милиони фунти како отштета. Има важечки договор со Тотенхем до летото 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот