Доколку Челси загуби со 0:5 од Тотенхем, менаџерот веднаш би добил отказ!

Фановите на „црвените ѓаволи“ бараат што побрзо Оле Гунар Солскјер да си замине од „Олд Трафорд“/Манчестер, Англија/24 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалската јавноста со нетрпение очекува каков ќе биде исходот од кризата во Манчестер јунајгед, после убедливиот пораз на „Олд Трафорд“ од Ливерпул со 0:5.

Многумина очекуваат дека раководството на „црвените ѓаволи“ ќе го отпушти норвешкиот менаџер на клубот, Оле Гунар Солскјер.

Своето мислење во колумна околу ваквата ситуација го сподели и поранешниот играч на Арсенал, Пол Мерсон:

– Никогаш не сум видел таков резултат, ништо не може да се спореди со него. Се срамев, не ми беше удобно да гледам. Јунајтед и Ливерпул – тоа е најголемиот натпревар во светот, а тимот на Оле го загуби на таков начин.

Не сакам да кажам дека треба да се отпуштат тренерите, но Солскјер има навистина среќа што има уште работа. Тој тешко може да има повеќе среќа. Луѓето можат да кажат што сакаат, но јас знам едно – доколку загубите со 5:0 дома од најголемиот ривал, ќе добиете отказ, а така е насекаде во Европа. Доколку Арсенал или Челси загубија со 5:0 од Тотенхем во неделата, нивниот менаџер повеќе немаше да биде на таа позиција во понеделникот. Јунајтед победи на еден натпревар во Премиер лигата од претходните пет – тоа едноставно не е прифатливо. Не знам што се случува во тој клуб – напиша Мерсон во колумната.

Фергусон има свој фаворит за клупата на Манчестер јунајтед

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот