Доказите на Јанева делумно ќе бидат тајни за јавноста

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски во денешната презентација на листата на материјални докази пред судот информираше дека од обвинителката Вилма Рускоска добил известување дека е извештачен мобилниот телефон кој своевремено го користел првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.

Дукоски објасни дека заедно со Боки ќе отидат кај Рускоска да видат што од телефонот е вештачено и доколку тоа е направено во целост, ќе го прифатат.

При презентацијата на листата на материјални докази, Дуковски нагласи дека поседуваат документација, односно изјава од Марина Туцаковиќ и Александар Фула Радуловиќ за дадени пари. Фудбалерот Стевица Ристиќ пак на Боки 13 му позајмил 125.000 евра, за што одбраната имала писмен доказ.

Адвокатот Дуковски нагласи и тоа дека Бојан Јовановски добил пари од продажба на имот од баба му по мајчина линија, Евгенија. За запленетата облека и предмети кој од истражителите лани кога беше уапсен Јовановски беа спакувани во 71 вреќа, Дуковски рече дека со докази ќе докажат дека најголем, ако не и во целост од запленетата облека била купена во период од 2013 до 2019 година, а не во период кога наводно биле сторени кривичните дела кој му се ставени на терет на Боки 13.

Одбраната на второобвинетата во „Рекет“ Катица Јанева пак најави дека при презентација на нивните докази, од судот ќе побараат на одредени рочишта јавноста да биде исклучена, бидејќи ќе биле користени докази од истрагите кој ги извршувало сега веќе згаснатато Специјално јавно обвинителство со кое токму шефуваше Јанева.

Судењето продолжува следната недела, кога се очекува да почне сведочењето на одбраната на поранешната обвинителка Катица Јанева, откако претходно Дуковски ќе ги образложи материјалните докази што ги најави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот