Докази дека го гледаме „најлошиот“ Манчестер јунајтед! (ФОТО)

twitter.com/SportsClock

Манчестер јунајтед со ремито без голови кај АЗ во второто коло од групната фаза на Лига Европа ја продолжуа една од најлошите серии во клупската историја.

Тоа беше десетто по ред гостување во сите натпреварувања во кое Јунајтед не успеа да триумфира. Со четири нерешени и шест порази дојде до најдолгата низа без победа на гости уште од 1989 година.

Од февруари до септември таа година никој во 11 натпревари по ред не успеа да совлада, а сега скоро истото се повторува, што е навистина загрижувачки.

Се наоѓаат „црвените ѓаволи“ на само еден меч од израмнување на тој негативен рекорд. Од 6 март годинава кога последен пат триумфираа над ПСЖ (1:3) на реваншот од осминафиналето во ЛШ, дури 211 дена се без триумф на гости.

Исто така после споменатата победа над француската екипа, Јунајтед собрал толку малку бодови, што доколку продолжи со ваквата форма, би испаднал во четири од 24 последни сезони во Премиер лигата, додека во девет сезони би завршил на 17 место, само едно место над зоната за испаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот