Докажано: Наместен фудбалски меч во Србија! (ВИДЕО)

prvaliga.rs

Фудбалските клубови Смедерево и Кабел се казнети со одземање по 10 бодови, како и парично, кои наместиле меѓусебен дуел во 14. коло од Првата српска лига.

На мечот одигран на 14. октомври во Смедерево триумфираше домаќинот со резултат 2:1 иако гостинот водеше на паузата.

Или од обложувачки аспект, „два во еден“, опција која што нуди многу поголем коефициент на тикетот. Секако, не само што движењето на резултатот било сомнително, туку и многу други детали.

Како на пример, замените кои тренерите ги направија, па реакцијата на одбраната во можност за постигнување гол, поради што УЕФА ја информираше Фудбалската федерација на Србија дека е „загрозен идентитетот на фудбалското натпреварување“.

Како што пренесуваат српските медиуми, спроведена е истрага после што Дисциплинската комисија на Првата лига на Србија на клубовите им се одземени по 10 бодови и одредени парични казни, на Кабел три милиони динари, а Смедерево два милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот