Доказ дека Роналдо го напушта Јувентус, неговите луксузни автомобили „си одат“ од Торино

Кристијано Роналдо беше голем ривал на Лео Меси во Шпанија/Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Кристијано Роналдо по три години пресдтој во Торино, се поизвесно е дека ќе го напушти Јувентус по крајот на сезоната. Експериментот на претседателот Андреа Ањели не успеа, Јувентус ниту со Роналдо во тимот не можеше да дојде до титулата во Лигата на шампионите по што во последно време зачестија најавите дека тој дефинитивно си заминува, а сега дојде нова информација која ги потврдува ваквите шпекулации.

принтскрин/твитер

Имено, вчера во Торино беа снимени посебни камиони во кои се товарат скапоцените автомобили на Португалецот по што тие заминаа во непознат правец.
Роналдо е познат како колекционер на скапоцени автомобили во неговата гаража има луксузни возила кои вредат околу 7.5 милиони евра. Тој поседува Бугати, Мекларен Сена, Ферари Ф12, Мерцедес Брабус, а минатиот викенд за 1.6 милиони евра купи Ферари Монца СП2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот