Дојде во Париз на прегледи и потпиша за Барселона!

twitter.com/ahmedabualrub

Барселона успеа да излезе како победник во трката со ПСЖ за талентираниот фудбалер, пренесува „ЕСПН“.

Иако секунди го делеа од потписот за францускиот гигант ПСЖ, Луи Бери одлучи на крајот да потпише за Барселона.

Овој фудбалер кој има 16 години е голема надеж на англискиот, но и европскиот фудбал, а тимот од „Камп Ноу“ веднаш реагираше и го доведе во својата Академија.

Од својата шеста година беше дел од Вест Бромвич Албион, беше посакуван уште од ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, Јувентус и Лајпциг.

„ЕСПН“ објави дека Бери дури отпатувал во Париз во четвртокот каде што беше на лекарски прегледи, но во последен час се предомисли и се пресели во каталонската екипа.

Обесштетувањето изнесува најмалку 130 илјади евра, други извори велат станува збор за повеќе од 200.000 отштета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот