ДОЈДЕ И ТОЈ ДЕН: Ѓоковиќ проговори и за крај на кариерата!

twitetr/djokernole

Новак Ѓоковиќ непосредно пред големото финале на Мастерс турнирот во Париз против Канаѓанецот Денис Шаповалов имаше интервју за „Новости“, интересно за сите фанови на српскиот тениски ас.

Кога го освои Вимблдон, рече дека Федерер го инспирира поради долговечноста, бидејќи и во 39. Година од животот игра во самиот тениски врв, а сега и коментираше околу својот крај на кариерата.

-Тоа зависи од различни околности. Како прво, не можам да размислувам себично и да кажам, добро, ќе играм тенис во полна сезона уште десет години, а да не размислувам за моето семејство. Мора да биде во склад со семејството, децата, жената, нашите животи. Мора да се знае што е приоритет. Во суштина, сè уште се обидувам, повеќе или помалку, да играм во текот на сезоната како во последните 10 години. Долго време сум во тенискиот врв, што троши многу, така што ситуацијата дефинитивно не е иста како што беше пред десет години. И во смисла на телото, чувствата и виталната енергија за играње тенис. Но, сè уште сум мотивиран. Имам поддршка и од мојата сопруга и од моето семејство, браќата и родители. Имам добар тим околу мене, и сè додека го имам тоа чувство што се појавува секој пат кога ќе излезам на теренот, ќе играм тенис. Не го гледам крајот зад аголот. Но, јас сум свесен дека ќе има моменти кога ќе мора да го намалам моето играње. Едноставно, ќе треба да се фокусирам само на одредени турнири и со тоа веројатно не размислувам повеќе на „бројот еден“ (на АТП) како цел – рече Ноле за „Новости“.

Не се знае точно кога нареден пат ќе дојде во Белград, но се надева дека тоа ќе се случи во февруари.

– Мислам дека, за жал, нема да бидам во Белград сè до февруари. Септември и февруари се периодите во годината кога повеќе или помалку секогаш планирам сигурен престој во Белград и Србија. Потоа, можеби во април или мај, накратко одам уште неколку пати. Понекогаш останувам подолго, понекогаш и пократко, зависи од обврските. Оваа година, на пример, бев скоро еден месец во февруари и беше навистина одлично – додаде Ноле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот