Дојде и првиот протест за фудбалот во време на коронавирусот (ФОТО)

twitter/433

Фудбалерите на бразилскиот тим Гремио на денешниот натпревар од регионалниот бразилски шампионат против Сао Луиз излегоа со заштитни маски во знак на протест бидејќи фудбалот и понатаму се игра во Бразил иако владее пандемија на коронавирусот.

twitter/433

 

Овој протест на фудбалерите на Гремио доаѓа откако се поголем број на екипи и фудбалери низ Јужна Америка почнаа да негодуваат зашто се уште се игра фудбал, иако пред празни трибини.

Тренерот на Фламенго, Жорге Жезус, апелираше до бразилската фудбалска федерација да го запре фудбалот, а на интересен потег се одлучи и аргентинскиот тим Ривер Плата која одби да игра против Атлетико Тукумано во рамките на Купот и го затвори стадионот за гостинските играчи и за судиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот