Дојче Веле: Западен Балкан има големи очекувања од Берлин, кои ни теоретски не можат да се исполнат

Германска граница/ Фото: ЕПА

Како што оценува Дојче веле, во реакција типична за ЕУ, критериумите за пристап козметички се ревидирани и на Тирана и на Скопје конечно во март им е дадено зелено светло.

Во германското претседавање со Европската унија се положува голема надеж, меѓу другото и на Западен Балкан, каде се очекува поддршка за процесот за проширување.

Како што објави „Дојде веле“ германската канцеларка Ангела Меркел јасно даде до знаење кои се приротети на германското претседавање со ЕУ: на самиот врв е соочување со кризата поради пандемијата од коронавирус, вклучувајќи и однова на погодената европска економија, како и Брегзит.

Сепак, земјите од Западен Балкан имаат огромни очекувања од новат аулога на Берлин, која меѓутоа, како што тврди Дојче Веле, ниту во теорија не можат да се исполнат.

– Албанија и Северна Македонија имаат најдобри шански да напредуваат во своите напори на брзо приближување до ЕУ зошто Германија се залага за тоа веќе подолго време, се наведува во текстот.

Но, како што се наведува, минатиот октомври ги успорија Франција, Холандија и Данска со својот став дека нема пристапување без далекусежни реформи во земјите кандидати и дека тоа е можно дури после темелни реформи на структурата на ЕУ.

Како што оценува Дојче веле, во реакција типична за ЕУ, критериумите за пристап козметички се ревидирани и на Тирана и на Скопје конечно во март им е дадено зелено светло.

ЕУ потпора за Балканот

Се наведува и дека многу блакански земји се потпираат на Европската унија, посебно на Германија, поради финансиската поддршка за важни инфраструктурни проекти: на пример, железничката врска меѓу Ниш и Приштина, изградбата на автопат во БиХ долж европските транзитни коридори и изградба или проширување на гасоводот и нафтоводот меѓу земјите на југоисточна Европа, за да може конечно да се поврзат.

– Олеснувањето на патувањата е на врвот на листата на желби на сите балкански земји, а тоа посебно се однесува на младите луѓе, наведува ДВ.

Проблем на политиката на ЕУ на Балканот отсекогаш била фрагменатацијата на надлежностите, одамна сите 27 земји не влечат заедно на иста страна, а покрај тоа изборот на персоналот во Брисел често наидува на недоразбирање.

Дојде вели пишува и дека Шпанецот Жозеп Борел е одговорен и за Балканот. Негов пратеник за тој регион е словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак.

Меѓутоа, штом Шпанија и Словачка од внатреполитички причини одбиваат да го признаат Косово, шансите за искрена рамнотежа меѓу Белград и Приштина не се посебно добри, тврди ДВ.

САД во регионот

Во последно време, САД кои на Балканот ги следат своите цели, во тој регион се повеќе ја предизвикуваат ЕУ. Се наведува и дека целите на САД често не се во склад со идеите на Брисел, а „најнов пример е стариот судир на Србија и Косово“.

САД, како долгогодишен просредник, буквално го собраа кајмакот кога на 27 јуни, без координација со Брисел ги повикаа лидерите на двете страни во Белата куќа.

– Спектакуларниот состанок пропадна само затоа што американскиот обвинител во Меѓународниот суд за Косово во Хаг наеднаш објави обвинение против претседателот на Косово Хашим Тачи, кој како поранешен водач на бунтовнците, заедно со други обвинети, е одговорен за убиство на околу 100 луѓе во војната 1998/99 година, наведува Дојче веле.

Со тоа ЕУ се врати во игра, а во јули лидерите на Белград и Приштина ќе разговараат во Париз, што беше испланирано во Брисел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот