Дојавите за бомби во кавадаречките училишта биле лажни, потврди МВР

Училиште Кавадарци/ Фото МИА

Како што претходно беше објавено, утрово имаше антитерористички проверки имаше во пет училишта во Кавадарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, по информацијата за закани за поставени бомби ги смируваше граѓаните дека нема потреба од паника. Од МВР потоа соопштија дека се работи за лажни дојави.

– Учениците ќе бидат вратени на настава откако екипите ќе ги прегледаат објектите и кога ќе се утврди дека тие се безбедни – соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму појаснија дека имало пријава за поставена бомба во неколку основни и средни училишта и дека се евакуирани учениците од основните училишта „Тоде Хаџи Тефов” , „Димката Ангелов Габерот”, „Страшо Пинџур”, како и гимназијата „Добри Даскалов” и средното училиште „Ќиро Спанџов Брко”, сите во Кацадарци, но и подрачните училишта во селата Сопот, Бегниште, Марена, Возарци и Дреново. Покрај училиштата, во село Марена биле евакуирани и деца во градинката поради непосредната близина на подрачното училиште.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кавадарци дека на електронските адреси на училиштата била испратена закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Утрово закани со бомби во пет училишта во Кавадарци, евакуирана и градинка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот