Дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје

Дојава за бомба во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ / Фото: Слободен печат - Методиј Здравев

Во осум средни училишта во Скопје денеска е упатена заказа за поставена експлозивна направа. По добиената пријава до СВР Скопје, од Министерството за внатрешни работи информираат дека во тек се мерки за безбедно евакуирање на училиштата и се извршуваат антитерористички проверки.

Денеска околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР.

Ова се први дојави за бомби од почетокот на второто полугодие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот