Дојави за бомби во неколку училишта во Сараево

Полициски автомобили, Сараево / Фото: ЕПА

Утрово неколку училишта во Сараево добија дојава за поставена бомба, поради што сите ученици биле евакуирани, пренесуваат босанските медиуми.

Неколку училишта во Сараево преку мејловите биле известени дека е поставена бомба, а полицијата врши увид.

Со оглед на тоа што сите ученици биле евакуирани, управата на училиштата ги повикала родителите да си ги земат децата.

Пријавите за присуство на бомби во регионот се чести, а по полициската проверка, за нив речиси секогаш се утврдува дека се лажни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот