Дојава за бомба и во основното училиште „Петар Поп Арсов” во Карпош 4

Фото: И. Каранфиловски / Google Maps

Преку електронска пошта денеска по 15 часот и во основното училиште „Петар Поп Арсов” во Карпош 4 e примена порака со заканувачка содржина, во која е наведено дека е поставен експлозив во објектот.

Како што соопштија од Општина Карпош, по приемот на пораката веднаш е известена полицијата, а децата се безбедно евакуирани.

Инаку, претходно во текот на денот и на меил адреси на осум средни училишта во Скопје била упатена закана за поставена експлозивна направа.

По добиената пријава, од МВР потврдија дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а во тек се антитерористички проверки и се презематаа мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот