Дојава за бомба го испразни белградскиот трговски центар Делта Сити

Српска полиција / Фото: ЕПА

Дојава за поставена бомба во трговскиот центар Делта сити пристигнала вечерва во 20 часот и во тек е евакуација на сите посетители.

Според процедурата за ваквите случаи, обезбедувањето мора што побрзо да ги евакуира сите во зградата додека не се изврши полициска проверка.

Контрадиверзантската единица на српското МВР наскоро ќе почне со кучиња трагачи да го проверува трговскиот центар.

Дел од посетителите се видно исплашени, а повеќето мирно го напуштаат објектот, објавува српски Курир.

Видео на денот