Фото: Општина Ѓорче Петров

Доградба на уште едно училиште во Ѓорче Петров, осум нови училници ќе добие „Димитар Беровски“ во Хром

Основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром ќе се прошири со осум нови училници, со што треба значително да се подобрат условите за изведување на наставата и ќе се создадат можности за настава во една смена.

Денеска беше поставен камен-темелник за доградба на 770 метри квадратни нов училишен простор во ова училиште, кое е трето во Општина Ѓорче Петров кое добива доградба во период од еден месец.

Полуматурска парада во Ѓорче Петров, ќе се слави со зурли, тапани и ора

Градоначалникот на Општината, Александар Стојкоски истакна дека инвестициите во образованието се инвестиции во иднината на децата и во развојот на целата општина.

Продолжуваме со силно темпо да вложуваме таму каде што најмногу вреди — во децата, во училиштата и во иднината на Ѓорче Петров. Доградбата на ООУ „Димитар Беровски“ е уште еден конкретен резултат од нашата посветеност да обезбедиме подобри, посовремени и поквалитетни услови за образование – рече Стојковски на денешниот настан.

Од Општина Ѓорче Петров велат дека остануваат фокусирани на реализација на капитални проекти во сите населени места, со посебен акцент на образованието, инфраструктурата и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот