Иран воени вежби фото: EPA/MAJID ASGARIPOUR

Договорот за стратешка соработка меѓу Русија и Иран не предвидува клаузула за взаемна одбрана

Договорот за стратешка соработка, што Русија и Иран треба да го потпишат, нема да има клаузула за заемна одбрана, каква што имаат договорите потпишани со Москва и со Пјонгјанг.

– Поинаква е природата на овој договор. Тие (Белорусија и Северна Кореја) имаат воспоставено партнерски односи (со Москва) во голем број области, за кои не преговаравме. Независноста и безбедноста на нашата земја, како и самостојноста, се исклучително важни. Ние не сме заинтересирани за присоединување кон кој било блок, изјави иранскиот амбасадор во Москва, Казем Џалали.

Тој додаде дека Иран ќе ја гарантира сопствената безбедност.

Русија има потпишано договори за партнерство со Северна Кореја и со Белорусија, кои вклучуваат одредба за заемна одбрана.

Предвидено е претседателите на Русија и Иран, Владимир Путин и Масуд Пезешкијан, на 17 јануари да го потпишат долгоочекуваниот договор за сеопфатно стратешко партнерство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот