Договорот за гас меѓу Кина и САД ќе ја влоши енергетската криза во Европа?

Договорот за испорака на гас меѓу Кина и САД ќе ја влоши енергетската криза во Европа, предупредуваат германските медиуми

„Доколку Пекинг и Вашингтон постигнат договор за испорака на  течен гас, тоа може да стане проблем за Европа, бидејќи нејзините капацитети за складирање гас не се доволно полни“, се вели во коментарот на германската телевизија „N-TV“.

Големите кинески компании сега се во завршна фаза на преговори со американските извозници за договор вреден неколку милиони долари за испорака на природен течен гас во Кина. Пекинг очекува договорот да биде потпишан до крајот на оваа година.


Во написите на дел од германските медиуми се наведува дека Русија може да помогне во решавањето на ситуацијата на европскиот пазар со зголемување на залихите преку своите гасоводи. Сепак, можностите за извоз на Москва се ограничени поради потребата да се полнат сопствени складишта и фактот дека производството на гас веројатно веќе е на максимално ниво.

Руски гасовод/ Фото EPA/ROBERT GHEMENT

Цените на горивата и енргенсите во Европа драстично се покачија во последните месеци. Од почетокот на август до крајот на септември, цената повеќе од двојно се зголеми, а на 6 октомври достигна историски максимум од 1.937 долари за илјада кубни метри, по што вредноста на пазарот почна да опаѓа, но цените сепак се уште ја надминуваат границата од илјада долари.

Експертите го објаснуваат зголемувањето на цените на гасот како последица  на ниското ниво на пополнетоста со складирани количини на гас, ограничената понуда на главните снабдувачи и високата побарувачка за природен течен гас во Азија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот