Договорот од Преспа го отстранува отровот на меѓусебното сомневање

Договорот од Преспа е чесен компромис, ги задоволува националните интереси на двете страни и еднаш засекогаш го отстранува отровот на меѓусебното сомневање, вeли Јоргос Катругалос, министерот за надворешни работи на Грција во интервју за неделното издание на грчкиот весник „Етнос”, јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето дали до изборите, владата ќе успее да ги убеди сите оние кои ја критикуваат владата за придобивките од договорот, Катругалос вели дека „не се сомнева во тоа”.

– Полека, полека се сфаќа значењето на договорот како чесен компромис што ја задоволува суштината на националните интереси на двете страни, отстранувајќи го еднаш засекогаш отровот на меѓусебното сомневање. И како што поминува времето, толку повеќе ќе бидат очигледни економските придобивки за земјата, а особено за нашата Македонија, од нашето протагонистичко преместување на економското поле на Балканот – вели шефот на грчката дипломатија.

Во однос на комисиите за учебниците и за трговските ознаки, министерот за надворешни работи на Грција објаснува дека првата е веќе формирана и „од септември, ќе бидат пуштени нови учебници во Северна Македонија ослободени од секаков вид иредентизам”.

– Комисијата за ознаки ќе се формира до средината на мај со учество на претставници од надлежните министерства за надворешни работи, за економија и развој, за земјоделски развој, како и меѓународни експерти. Со цел да се подготви, беа направени систематски консултации со бизнисмените и коморите од Северна Грција и со други – објаснува Катругалос во интервјуто за „Етнос”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот