Договорот е мртов, започнува нова трка за вооружување (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Американски Пентагон соопшти дека извршил тестирање на балистичката ракета која била истрелана од копно. Се работи за тестирање на проектили кои беа забранети со договорот за нуклерано разоружување, а од кој договор САД неодамна се повлекоа.

За потсетување, се работи за договорот кој во 1987 година беше потпишан од САД и тогашниот Советски Сојуз а кој предвидуваше забрана за користење и тестирање балистички ракети од среден домет.

Но, годинава администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, предводена од тогашниот советник за национална безбедност Џон Болтон, го напупшти Договорот за неширење на нуклеарно оружје од среден домет, и покрај заканите на Русија дека овој потег на Вашингтон ќе инициранова трка на вооружување меќу двете светски супер сили.

Американското повлекување од договорот за неширење на вооружувањето, особоено беше критикувано од страна на едниот од потписиниците на овој договор, последниот претседател на сега веќе поранешната СССР Михаил Горбачов.

Но, каква е радиоактивната експлозија која одекнала во северниот дел на Русија?
Медиумите шпекулираат дека во овој реон се наоѓаат таканаречените ,, затворени градови”, нуклеарни погони во кои се складира огромно количестви на јод и во кои се развиваат ракетите „СКАЈ ФОЛ“ (SKYFALL).

Токму овој реон беше цел на тестирање на оваа ракета, шпекулираат руските медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот