Договорено: Чави се враќа во Барселона, Ал Сад ќе добие милион евра обесштетување

Легендарниот капитен се враќа на Камп Ноу. овој пат како тренер/фото: EPA-EFE/Toni Albir

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Барселона ја заврши потрагата по наследникот на Роналд Куман и во текот на денешниот ден, поранешниот капитен на клубот и официјално ќе биде именуван за нов тренер.

Тоа што го навестија медиумите се реализира, Чави Ернандез ќе биде новиот тренер на Барселона.

Весникот „Спорт“ кој прв ја објави веста за отказот на Куман, денеска ексклузивно пишува дека се е договорено Чави Ернандез да седне на клупата на Барселона.
Каталонскиот тим ќе му плати на катарскиот Ал Сад еден милион евра за да му дозволи на Чави да се врати во клубот во кој помина најголем дел од играчката кариера.

Но, тој нема веднаш да седне на клупата на Барселона, туку за време на ноемвриската репрезентативна пауза, а дотогаш екипата на натпреварите против Алавес, Динамо Киев и Селта ќе ја предводи поранешниот тренер на Барселона Б и директорот на Ла Масија, Алберт Капелас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот