ДОГОВОРЕНА СРЕДБА: На 9 декември Путин, Зеленски и Меркел ќе го посетат Макрон

Путин и Зеленски/ Фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде домаќин на Самит за Украина на 9 декември, на кој се поканети претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски и германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти вечерва Елисејската палата.

На Самитот ќе се разговара за решавање на конфликтот меѓу украинските безбедносни сили и проруските бунтовници во источна Украина. Киев и Западот ја обвинуваат Русија дека ги поддржува бунтовниците, што Москва негира.

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER /

„Самитот ќе се одржи по значителниот напредок забележан во преговорите од минатото лето. Овие преговори помогнаа да се смири ситуацијата и да се продолжи со спроведувањето на Договорот од Минск”, соопшти кабинетот на Макрон.

Од 2014 година, повеќе од 10.000 луѓе се убиени во судирите меѓу украинските сили и проруските бунтовници. Иако беше постигнат мировен договор во Минск во 2015 година, примирјето во тој дел на Украина постојано се прекршуваше со меѓусебни обвинувања од спротивставените страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот