ДОГОВОРЕНА СРЕДБА: На 9 декември Путин, Зеленски и Меркел ќе го посетат Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде домаќин на Самит за Украина на 9 декември, на кој се поканети претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски и германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти вечерва Елисејската палата.

На Самитот ќе се разговара за решавање на конфликтот меѓу украинските безбедносни сили и проруските бунтовници во источна Украина. Киев и Западот ја обвинуваат Русија дека ги поддржува бунтовниците, што Москва негира.

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER /

„Самитот ќе се одржи по значителниот напредок забележан во преговорите од минатото лето. Овие преговори помогнаа да се смири ситуацијата и да се продолжи со спроведувањето на Договорот од Минск”, соопшти кабинетот на Макрон.

Од 2014 година, повеќе од 10.000 луѓе се убиени во судирите меѓу украинските сили и проруските бунтовници. Иако беше постигнат мировен договор во Минск во 2015 година, примирјето во тој дел на Украина постојано се прекршуваше со меѓусебни обвинувања од спротивставените страни.

Прочитајте и...  Молеровиќ: Ја живееме четвртата дигитална револуција – не смееме да дозволиме да им ја крадеме иднината на нашите деца (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Филипче: Капацитетот во болниците се менаџира добро, продолжува работата на епидемиолозите на терен

Слободен печат

„Зелена лупа” поднесе иницијатива за одговорност на тројца судии од Апелацискиот суд

Слободен печат

Конте ја одби понудата на „Атлантија“ за управување со патиштата

Слободен печат

Неделава поскапи горива за половина до еден денар

Слободен печат

Доларот и понатаму под притисок бележи слаб пад

Слободен печат

Франција разгледува воведување на задолжително носење маски во затворени места

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Американската амбасада донираше заштитни средства за организација на изборите

Слободен печат

Брнз: Преземени се заштитни мерки за граѓаните, ќе треба да видиме каков ќе биде одзивот на гласачите

Слободен печат

Анкета: Германците поддржуваат построга политика за доделување азил

Слободен печат

Цената на акциите на азиските берзи на највисоко ниво последниве пет месеци

Слободен печат

Израелски министер повика за повторно воведување на карантин

Слободен печат

Обвинение за противправно лишување од слобода на државјанка на Италија​

Слободен печат