Договорен е буџетот на ЕУ за 2020 година

Преговарачите на трите најголеми институции на ЕУ постигнале договор за буџетот на ЕУ за 2020 година непосредно пред полноќ, последната од тековната повеќегодишна буџетска рамка за периодот 2014-2020 година. Договорот беше постигнат под претпоставка дека Велика Британија, која треба да ја напушти ЕУ на 31 јануари следната година, ќе продолжи да го плаќа својот придонес и да учествува во спроведувањето на буџетот до крајот на 2020 година како да е полноправна членка.

Буџетот за следната година е фиксен и во износ од 168,69 милијарди евра во обврски, што се пари кои што можат да бидат одобрени во договори за проекти за таа година, и 153,57 милијарди евра во исплати, што се пари кои навистина ќе бидат платени во следната година.

Преговарачите на Европскиот парламент успеаја да извршат притисок за зголемување од 850 милиони во однос на првичниот предлог на Комисијата за климатско финансирање, дигитализација и програмата за размена на студенти „Erasmus2B“.

Договорот беше постигнат по три недели интензивни преговори, на последниот ден од крајниот рок за ускладување на позициите меѓу двете законодавни институции. Доколку не биде постигнат договор, Комисијата ќе треба да изготви нов предлог за буџетот, проследен со нови преговори за усогласување на своите ставови.

– Ова е буџет за континуитет – тој е последниот буџет во тековниот долгорочен буџет и последниот предложен од Комисијата на Јункер. Буџетот ги насочува ресурсите каде што е потребно и ќе помогне во креирање работни места, борба против климатските промени и стимулирање на инвестиции низ цела Европа. Ќе се инвестира во младите и во безбедноста на Европа, рече комесарот за буџет, Гантер Отингер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот