Договор во Серија А: Платите на Елмас, Пандев, Несторовски намалени за една третина

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Екипите кои настапуваат во Серија А денеска постигнаа договор за намалување на платите на сите фудбалери, што значи дека македонските репрезентативци Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски и сите фудбалери од италијанскиот шампионат, ќе добиваат за 30 проценти помали плати.

Во случај првенството да продолжи откако пандемијата на коронавирусот ќе се стави под контрола, тогаш платите ќе бидат намалени за 15 проценти.

Екипите и челниците на Серија А на состанокот ја прифатија препораката на УЕФА и нема да ја прекинат сезоната, туку ќе се почека да се создадат услови и кога ќе се добие зелено светло од италијанските влати, првенството ќе продолжи и да ќе одиграат сите предвидени натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот