5 C
Скопје

Договор со Бугарија е можен и не е далеку!

Премиерот Зоран Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија и оти не се разговара за отстапки, туку за решенија меѓу двете страни. Во меѓувреме и од бугарска страна омекнуваат позициите – бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но тоа мора да биде посакувано и спроведено од двете страни.

САД ја повторија позицијата Скопје и Софија да продолжат да ги решаваат билатералните спорови надвор и одвоено од процесот на евроинтеграциите и оти влезот на земјава во ЕУ го гледаат како заеднички интерес.

– Северна Македонија прави сѐ што е неопходно за да се постигне решение за отворените прашања што постојат со Софија – изјави премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека Бугарија е голем пријател на земјава и оти верува дека ќе остане на таа линија.

Премиерот Заев рече дека не сме многу далеку од договор и оти треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирана иднината пред нас.

Во меѓувреме, бугарскиот премиер Бојко Борисов на видеоконференција со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и Швајцарија, рече дека Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но тоа мора да биде, како што рече, „посакувано и спроведено од двете страни“.

– Верувам дека ќе случи до еве, вториот Совет на министри на ЕУ на 8, 9 или 10-ти, кога и да е, и една средба помеѓу мене и премиерот, а верувам дека и нашите работни групи коишто контактираат интензивно ќе создадат и атмосфера за тоа, зборувам за двете страни. Токму за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, нашата земја ја стави високо на агендата на ЕУ за европската иднина на Западен Балкан – рече Борисов.

Прочитајте и...  Корекции на пензиите: Пензионерите од јануари со 185 денари повеќе на сметките

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, пак, во интервју за Канал 3 изјави дека „многупати ѝ подадовме рака на Република Северна Македонија, дури и во нивните најтешки моменти, но од друга страна гледаме непријателство и неискреност“.

– Се надевам дека емоциите ќе стивнат, бидејќи веќе го намаливме бројот на негативни написи против Бугарија кај нашиот сосед. Би сакала да потсетам дека според договорот двете земји имаат обврска да ги запрат сите вакви манифестации на омраза – рекла Захариева.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, коалициски партнер во Владата на Заев, изрази оптимизам дека до крајот на годинава ќе има добри вести од Софија кога станува збор за спорот со Скопје и блокадата од Бугарија за датумот за преговори со ЕУ и откри дека помеѓу Скопје и Софија во овој период се одвива, како што рече, „размена на документи“.

– Не мислам дека е време да споделувам со јавноста за понудите или последните документи што се разменети, ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија – рече Ахмети во интервју за ТВ21.

Тој ја пофали работата на министерот за надворешни работи Бујар Османи за надминување на спорот и рече дека Османи е одлучен зад себе да остави решен спор.

Прочитајте и...  Во функција на подобар раст и приноси на одредени насади во дел од Пелагонија: Нови агрометеоролошки станици со сензори во битолските села Кравари и Лисолај

– Османи е доста активен, очекувам да има резултат. Многу важен момент е за да демонстрира пред сите граѓани, особено пред нашите сожители Македонци, дека ги делиме доброто и лошото, дека ќе стоиме рамо до рамо заедно, и во решавање на овој спор. Ова е клучен историски момент да се види дека оваа земја има министер за надворешни работи и за работата што ја сработи и за зрелоста, му честитам – рече меѓу другото Ахмети.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вчера ги коментираше изјавите на Заев и на Амети.

– Вчера Ахмети соопшти дека Владата доставила понуда за нов договор до Бугарија за решение на спорот поради што овие денови очекувале одговор од бугарската страна. Бидејќи очигледно се водат тајни разговори со Бугарија, без детали за новиот договор кој се нуди, го прашуваме Зоран Заев, во кој дел од програмата на СДСМ пред изборите вети нов договор со Бугарија? Од кого тоа доби дозвола да преговара и води тајни разговори и дали не се во игра и приватни бизнис интереси на Заев врзани со една банка, и други два вносни бизниси? Дали Заев нуди промена на Уставот – праша Мицкоски.

Тој додаде дека, доколку Заев е за зачувување на македонскиот идентитет и јазик, како што формално тврди, нека престане со тајните разговори.

– Ајде да изгласаме декларација во Собранието, по која ќе се водат преговорите со Бугарија. Но, Заев бега затоа што ветил работи што сега не знае како да ги исполни. Тој во Софија ветувал сè и сешто, од бизниси до отстапки и со тоа ги нарушил македонските позиции. А сега глуми патриот, иако не смее да каже ништо за навредите на Каракачанов. Македонија е погазена од Заев. Од Македонија се бара невозможното поради Заев – нагласи Мицкоски.

Прочитајте и...  Американскиот потпретседател Пенс со проштална порака

Копретседавачот на македонскиот тим во Заедничката историска комисија Драги Ѓоргиев, најави дека следниот состанок на заедничката комисија треба да се случи на 3 и 4 декември, а ќе биде онлајн поради пандемијата.

– Несомнено, политичката ситуација по бугарското вето, ќе влијае на работата на Заедничката историска комисија, но, сепак, сметам дека таа треба да продолжи да работи. Додава дека надминување на недоразбирањата можат да се случат само преку дијалог, преку разговори. По блокадата од страна на Бугарија, овде се интензивираа негативните коментари за тоа. Веќе има притисок врз комисијата да ги прекине преговорите. Јавноста е и разочарана, но и бесна поради овој потег на Бугарија. Несомнено, тој притисок од јавноста се пренесува и врз членовите на комисијата. Се разбира, политички досега од ниту еден фактор не сме имале притисок, но од медиумите и од јавноста притисокот е навистина голем. Се чувствува, но како што реков, јас сум за продолжување на работата на комисијата – изјави Ѓоргиев  во интервју за „Слободна зона“ на бугарската телевизија „Европа“. 

 

Поврзани вести

Фон дер Лајен: Фајзер има обврска да ги достави вакцините навремено

Слободен печат

Започнува второто полугодие: Сѐ уште ќе важат истите мерки

Слободен печат

🔴 ОД МИНУТА ВО МИНУТА I Бајден денес станува претседател: Вашингтон е под опсада на војската

Слободен печат

Маричиќ: Секоја мерка за одговорност на судија е за поздравување

Лука Андреев

Студентите на протест: Бараме повлекување на нацрт-концепцијата

Слободен печат

Промовиран проектот „Правда за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата”

Слободен печат

Остави Коментар