Договор на две години: Мертенс пред трансфер во миланскиот гигант!?

фото: твитер

Со ваквиот можен трансфер на „Џузепе Меаца“ уште посилни се гласините за заминување на Лаутаро Мартинез во екипата на Барселона.

Дрис Мертенс е сè поблиску да го напушти Наполи и се пресели во редовите на Интер ова лето. Овој трансфер веќе неколку пати се најавува, договорот на белгискиот интернационалец со „наполитанците“ истекува на 30 јуни.

Италијанските медиуми шпекулираат дека се договорија претставниците на крилниот напаѓач и миланскиот гигант.

Според „Кориере дела сера“, „неро-аѕурите“ нуди соработка две години според која би заработувал пет милиони евра по сезона и плус четири како бонус за потпис на договорот. Севкупно, вредноста на овој договор би изнесувал дури 14 милиони евра!

Со ваквиот можен трансфер на „Џузепе Меаца“ уште посилни се гласините за заминување на Лаутаро Мартинез во екипата на Барселона.

Мертенс го носи дресот на Наполи од 2013 година и досега реализираше 90 голови во 226 натпревари, со по еден трофеј во Купот и Суперкупот на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот