Догодина нема да се игра самба во Рио, откажан Карневалот
Годишниот карневал и Рио со живописните самба училишта нема да се одржи во февруари следната година поради пандемијата на коронавирусот, иако тоа беше претставенно како одложување, не е одреден нов датум.
Училишната самба лига Риа ЛИЕСА синоќа објави дека поради ширењето на коронавирусот е невозможно безбедно да се одржи традиционална парада, што е важен културен настан во земјата и за многумина е извор на егзистенција.
“Одлучивме дека настанот треба да се одложи. Не можеме едноставно да го одржиме во февруари. Училиштата за самба нема да имаат време ниту финансиски и организациски средства да бидат подготвени за февруари”, изјави пред новинарите Хорхе Кастањера, претседател на здружението ЛИЕСА што го организираше настанот.
Градските власти во Рио допрва треба да објават одлука за уличните забави што исто така се одржуваат за време на карневалот. Сепак, градската агенција за промоција на туризмот за АП на 17 септември изјави дека без вакцината за корона, неизвесно е дали ќе бидат дозволени големи јавни настани.
Бразил го пријави првиот случај на вирус на корона на 26 февруари, ден по крајот на овогодинешниот карневал. Како што растеше бројот на инфекции, училиштата за самба кои учествуваа на последната парада ги запреа подготовките за карневалот во 2021 година.
Овие прослави се ноќна мора за епидемиолозите, поради тоа што се собираат огромната број луѓе, односно, милион луѓе учествуваа во настанот оваа година, од Бразилци до туристи, пренесува Франс прес.
Одложувањето се очекуваше поради големиот број случаи на инфекција од коронавирус во Бразил, кој има втор најголем број на смртни случаи во светот, околу 140.000 и е зад САД. Заразени се околу 4,7 милиони луѓе.
Епидемијата благо забави од својот врв во јули, но сепак во последните две недели се случија просечно по 30 000 нови инфекции и 735 смртни случаи дневно, според Министерството за здравство.
(Бета)