Додик: Време е за дијалог или за референдум за отцепување

Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска изјави дека Република Српска нуди концепт за функционирање на Федерацијата каков што се предвидува и со Дејтонскиот договор и дколку тоа не е можно, бара мирно разединување во земјата.

– Ние мислиме дека БиХ може да функционира само сако се вратат 83-те надлежности што е одземени од Република Српска, во рамки на Уставот на БиХ. Треба да се почитува она што пишува во Уставот на БиХ, а не никакве желби и никаков дух што ни потураа 15, 20 години, истакна Додик.

– Ако така не може, ние ќе видиме на кој начин ќе го покренеме нашето право што е предвидено со повелбатра на Обединетите нации, а тоа е правото на самоопределување. Од тоа нема да се откажеме, додаде српскиот член на Претседателството на БиХ на прес-конференцијата по состанокот со српскиот министер за одбрана, Небојша Стефановиќ.

Додик наведе дека од Република Српска, преку институцијата Висок претставник, се одземени 83 надлежности и сака тие надлежности да бидат вратени на ентитетот.

– Ние мислиме дека БиХ може да функционира само ако се вратат тие надлежности, во рамки на Уставот на БиХ, а не никакви желби и никаков дух што ни потураа 15, 20 години, рече Додик.

Тој наведе дека по повод мандатот на ОХР и именување на нов Висок претставник во БиХ, денеска се одржа посебна седница на Народното Собрание на Република Српска, бидејќи, како што оцени, се прави обид за загрозување на Дејтонскиот мировен договор.

– Ние бараме да се почитува Анекс 10 и Дејтонскиот мировен договор, нагласи Додик.

Како што потенцира, Анекс 10 од Дејтонскиот мировен договор значи дека Високиот претставник е „само толкувач на рамковниот мировен договор, а не негов имплементатор“

– Република Српска не може да прифати наметнување на било која личност за Висок претставник во БиХ и ќе ги извести меѓународните потписници на Анекс 10 на Дејтонскиот мировен договор за предлогот за укинување на Висок претставник и да се преиспитаат одлуките на високите претставници што се донесени надвор од мандатот што е утврден со Анекс 10. Време е БиХ, со двата свои ентитета и трите конститутивни народи да преземе одговорност за сопствен развој во рамки на Дејтонскиот договор и меѓународното право, а доколку тоа не биде на дневен ред во скоро време, треба да се отворат разговор за мирно разединување, се наведува во заклучоците на Народното Собрание на Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот